Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасна и дека нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата на рускиот гас не е во руски рубљи, туку во друга валута.
Бугарскиот министер за енергетика Александар Николов изјави за БНТ дека Бугарија добила барање од Газпром снабдувањето со гас да се плаќа во руски рубљи.
Тој наведе дека тоа не може да се случи и оти ЕУ нема да потклекне на уцена.
Вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев пред една недела изјави дека Бугарија нема да го плаќа рускиот гас со рубљи.
Русија најави дека „непријателските земји“, односно оние кои ѝ воведоа санкции, ќе треба увозот на руски гас да го плаќаат во рубљи.