Десетина луѓе се повредени во експлозија во центарот на авганистанската престолнина Кабул.
Причината за експлозијата не е веднаш утврдена, а талибанците кои се на власт во Авганистан, не коментираат за експлозијата.
Агенцијата Асошиејтед прес цитираше сведок кој вели дека експлозијата, прва во Кабул по неколку месеци, се случила на пазар, на место каде што работат менувачи на пари. Пазарот во тоа време бил затворен.
Непризнаените талибански власти ја засилија безбедноста низ целата земја откако дојдоа на власт во август лани, поставувајќи контролни пунктови низ главниот град и разбивајќи ја терористичката организација Исламска држава.
Денешната експлозијата доаѓа во време кога исламската земја почна да го одбележува светиот месец Рамазан на 2 април.