Рогозин – Неизвесна е иднината на Меѓународната вселенска станица

Шефот на руската државна вселенска агенција Роскомнадзор, Дмитриј Рогозин

Иднината на Меѓународната вселенска станица (МВС) е неизвесна, откако САД, ЕУ и канадската вселенска агенција го пропуштија рокот да ги исполнат руските барања за укинување на руските претпријатија и хардвер, изјави денеска шефот на руската државна вселенска агенција Роскомнадзор, Дмитриј Рогозин.

Тој рече дека неговата агенција подготвува извештај за изгледите на меѓународната соработка во Меѓународната вселенска станица, кој ќе им биде претставен на федералните власти.

Рогозон имплицираше дека западните санкции, од кои некои ѝ претходеа на руската инвазија врз Украина, би можеле да ја пореметат работата на руските вселенски летала во МВС.

Таа истакна дека МВС ѝ е потребна на западните партнери и дека никој освен Русија не може да испорача гориво до станицата.

По првата изјави, Рогозин на Телеграм напиша дека добил одговор од своите западни колеги кои ветиле дека ќе промовираат натамошна соработка на МВС и неговите операции.

Тој го повтори ставот дека обновувањето на нормални односи меѓу партнерите во МВС и во другите заеднички вселенски проекти е можно само со целосно и безусловно укинување на санкциите, кои ги нарече незаконски.

Западните земји воведоа жестоки санкции против Русија, по почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари.