Ирак во март извезол нафта во вредност од 11,07 милијарди долари, најмногу во изминатите 50 години, покажуваат податоците на ирачкото Министерство за нафта.
Тоа е најголем приход од 1972 година, соопшти денеска Министерството.
Цената на суровата нафта порасна по рускиот напад врз Украина на 24 февруари. Синоќа еден барел се продаваше за околу 100 долари.
Ирак остварува околу 90 отсто од приходите од нафта.