Сè помалку украински бегалци одат во Полска, дел се враќаат во Украина

Украински бегалци во Полска

Вкупно 2.437.000 луѓе побегнале од Украина во Полска од почетокот на војната, соопшти денеска полската гранична служба.

Бројот на премини на границата значително опадна, а вчера е забележан вториот најмал број на премини од кога Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Сè повеќе луѓе се враќаат во Украина, односно од почетокот на војната од Полска во Украина се вратиле 421 илјади луѓе, наведува полската гранична служба. Само вчера од Полска во Украина влегле 15 илјади луѓе.

Високиот комесаријат на ОН за беглаци наведува дека повеќе од 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови откако започна инвазијата. А повеќе од четири милиони ја напуштиле Украина.