Папата Франциск денеска рече дека размислува да отпатува во Украина. Додека патувал кон Малта, новинар кој патувал со него го прашал папата дали размислува да го посети украинскиот главен град Киев.
„Да, тоа е на маса“, одговорил 85-годишниот папа, без да даде повеќе детали.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани папата да дојде во земјата разурната од војна.
Папата Франциско повика на прекин на војната во Украина и рече дека нема оправдување за „бесмислениот масакр“ што се случува во опколената земја.
Папата од денеска е во дводневна посета на Малта, со цел да го сврти вниманието на ситуацијата со бегалците и мигрантите во Европа, која дополнително се влоши по руската инвазија на Украина.
Малта, најмалата држава во ЕУ, долго беше на првата линија на мигрантите и бегалците кога доаѓаа во Европа преку Средоземното Море.
Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, рече дека темата миграција ќе биде на дневен ред на дводневната посета на Малта. Тој оцени дека е за воодушевување прифаќањето на украински бегалци во Европа.