Конвојот на Црвениот крст кој е упатен кон украинскиот град Мариупол денеска повторно ќе се обиде да ги евакуира цивилите од опколениот пристаништен град. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека земјата се подготвува за засилени напади на исток и предупреди дека руските сили создаваат целосна „катастрофа“ во околината на главниот град Киев зашто оставаат мини низ целата територија.
Пристанишниот град Мариупол на Азовското Море е уништен од една од најжестоките урбани борби во војната, се верува дека илјади луѓе загинаа, а многумина избегаа од градот.
Десетици илјади луѓе се заглавени во градот и слаб пристап до храна и вода.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст вчера испрати тим да го предводи конвојот од 54 украински автобуси и други приватни возила до градот, но тие се вратија назад, велејќи дека нема услови да продолжат.
Украина очекува добри вести за време на викендов во врска со евакуацијата на луѓе од опколениот Мариупол, рече денеска Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Мислам дека денеска или можеби утре ќе чуеме добри вести во врска со евакуацијата на жителите на Мариупол“, рече Арестович.
Видете и ова: „Ја видов мајка ми како гори“: 15-годишно момче кое избега од руската инвазијаКирило Тимошенко, висок советник на Зеленски, на Телеграм напиша дека околу 3000 луѓе вчера успеале да избегаат од градот, а повеќе од 3000 биле евакуирани од други градови.
Во меѓувреме, Зеленски рече дека руските сили кои се повлекуваат оставаат мински полиња во околината на Киев. Тој рече дека Русите минираат куќи, па дури и телата на починатите.
„Тие ја минираат целата територија. Минираат домови, минираат опрема, дури и телата на луѓето кои беа убиени“, рече Зеленски во ноќното видео обраќање до нацијата.
„Има многу замки, многу други опасности“, рече тој.
Зеленски предупреди на тешки битки додека Русија ги прераспоредува силите.
„Се подготвуваме за уште поактивна одбрана“, рече тој, додавајќи дека очекува жестоки руски напади на истокот на земјата.
„Руските војски се собираат во Донбас, во насока на Харков. Се подготвуваат за нови жестоки удари“, рече тој.
Зеленски не кажа ништо за последната рунда разговори која се одржа вчера преку видео врска.
Британското воено разузнавање денеска соопшти дека украинските сили продолжиле да напредуваат против руските сили кои се повлекуваат во околината на Киев и дека руските сили го напуштиле аеродромот во Хостомел во североисточните предградија на Киев, каде што има борби од првиот ден. Во британската дневна проценка исто така се наведува дека украинските сили, по тешки борби, обезбедиле клучна рута во источен Харков.
Рано утринава, руски ракети ги погодија градовите Полтава и Кременчук во централна Украина, соопштија локалните власти. Шефот на регионот Полтава Дмитри Лунин рече дека биле погодени инфраструктура и станбени згради, но дека нема проценка за жртви.
Руските власти во меѓувреме ја обвинија Украина дека вчера организирала хеликоптерски напад врз складиште за гориво во рускиот град Белогород во близина на границата со Украина. Украинските одбранбени претставници одбија директно да ги коментираат наводите.
Доколку биде потврден, нападот ќе биде храбар офанзивен потег на Украина, која беше нападната од повеќе правци на 24 февруари и тоа ќе биде прв напад извршен врз руска територија од Втората светска војна.