Од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари, во Србија се регистрирани 323 фирми чии основачи се од руската федерација, пишува денеска војводинскиот истражувачки портал Воис.
Тоа се една четвртина од вкупниот број активни правни лица чии основачи се од Русија, наведува порталот.
Само во март во просек биле отворани по девет фирми дневно, додека на 1 април биле основани 27 компании. Најмногу фирми од руски државјани биле основани на 25 март – 51 фирми.
„Повеќе од половина од новооснованите правни лица, односно 169, се регистрирани за компјутерско програмирање. Седиште во Белград имаат 246 правни лица, а во Нови САД 48“, пишува Војс.
Како што наведува порталот, 62 правни лица се регистрирани на иста адреса – Данило Лекиќ Шпанац 1 во Нов Белград. Од нив 60 се за компјутерско програмирање, а 22 од фирмите биле основани во ист ден, на 25 март.
Руската агресија врз Украина почна на 24 февруари.