Украина очекува добри вести за време на викендов во врска со евакуацијата на луѓе од опколениот град Мариупол, рече денеска Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Нашата делегација постигна договор во Истанбул (за време на украинско-руските преговори) да обезбеди евакуација“, рече советникот во изјава за Украинската телевизија.
„Мислам дека денеска или можеби утре ќе чуеме добри вести во врска со евакуацијата на жителите на Мариупол“, рече Арестович.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст во денеска повторно ќе се обиде да евакуира жители од Мариупол.
Хуманитарната организација вчера мораше да ги прекине обидите за спасување оти нивниот конвој не можеше да продолжи напред.
Организацијата планираше да испрати 54 автобуси и многу автомобили кои би помогнале во евакуација на населението кои е заробено во градот опколен од руските сили и кој претрпе интензивно бомбардирање.