САД ќе ѝ додели 300 милиони долари безбедносна помош на Украина

Украински војници позираат до уништен руски хеликоптер

Американското Министерството за одбрана соопшти дека ќе додели 300 милиони долари „безбедносна помош“ за Украина за зајакнување на одбранбените способности на земјата.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, во изјава на 1 април рече дека новиот пакет вклучува ласерски ракетни системи, беспилотни летала, оклопни возила, уреди за ноќно гледање, муниција, како и медицински материјали.

„Оваа одлука ја нагласува непоколебливата посветеност на Соединетите Држави за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во поддршка на нејзините херојски напори по избор да ја одбие руската војна“, рече Кирби.

Тој додаде дека САД, исто така, продолжуваат да работат со своите сојузници и партнери за да увидат што треба да ѝ обезбедат на Украина како нова помош.

САД досега имаат обезбедено повеќе од 1,6 милијарди долари безбедносна помош за Украина откако Русија на 24 февруари почна инвазија над својот сосед.