Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.
Тема на разговорот бил состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул.
Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите буди надежи за мир.
Напоменувајќи дека е важно страните да се однесуваат разумно и да одржуваат дијалог, Ердоган рече дека со организирање на состанок меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, сакаат да ги крунисаат мировните напори што ги преземаат, пренесува Анадолија.
Ердоган во телефонскиот разговор со Путин го повторил предлогот Турција да биде домаќин на состанокот на лидерите на Украина и на Русија.
Путин, од своја страна, му се заблагодарил на Ердоган што бил домаќин на состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина во Истанбул.