Угледот на Кина е загрозен ако и помогне на Русија да избегне меѓународни санкции, предупреди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по онлајн самитот со кинескиот претседател Кси Џинпинг.
„Продолжувањето на војната и уште поголеми нарушувања во светската економија не се во ничиј интерес“, напиша таа на Твитер.
Кина одби да ја осуди Русија за нејзината инвазија, додека ЕУ воведе санкции за Москва.
Кинескиот претседател рече дека Кина и Европа треба да обезбедат стабилност во нестабилниот свет по руската инвазија на Украина, но се чини дека не нудат никакви предлози за ставање крај на војната.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел подоцна рече дека Кина се согласила дека „оваа војна ја загрозува глобалната безбедност и светската економија“.