Нови 201 случаи на ковид 19, починале пет лица

илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на ковид 19. Најмногу случаи има во Скопје – 111, Битола – 27, Кавадарци – 19, Прилеп – 7, Куманово , Кичево и Кочани – по 5, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 3, Струмица, Ресен, Крива Паланка и Делчево – по 2, Велес, Гостивар, Радовиш , Дебар и Кратово – по 1 случај.

Од вкупниот број на позитивни (201), регистрирани се 37 реинфекции.

Регистрирани сe 249 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица. И двете се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагно за ковид 19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица на возраст од 43 години до 76 години. Пријавените лица се починати во период од 21.03.2022 до 26.03.2022 гоидна. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (5) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1 964 475 тестирања на ковид19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306 178, бројот на оздравени пациенти е 295 237, на починати е 9 226, а бројот на активни случаи изнесува 1 715.