Проекти „тешки“ над 40 милиони евра и по една деценија не се завршени, открива државниот завод за ревизија при проверките на сметките на а.д Електрани на Северна Македонија. Ревизорите утврдиле дека во период од 2011 до 2020 година значителен износ на пари се инвестирани во проекти кои не се завршени и опрема која што не ставена во употреба.
Според државниот завод за ревизија за реализација на проектите и набавки биле случени договори во вредност од 21,5 милиони евра. Станува збор за Интегриран компјутеризиран информациски систем – БИС, опрема за подобрување на телекомуникациите и мрежувањето, обезбедување на стоки од „системот за следење на движење и мерење на количините на јаглен и мерење на активности на придружна механизација за ПЕ „Рудници“ во РЕК „Битола“, ХЕ „Бошков Мост“ – изградба на брана и формирање на акумулација, „Луково Поле“ – подготовка на предлог проект за обновителна енергија, изградба на нов административен објект – Деловна зграда на АД ЕСМ Скопје.
Ревизорите утврдиле дека за 10 години не е реализирана и модернизацијата на Блок 1 во РЕК Битола, а се направени трошоци од 21 милион евра.
„Најголем дел од расходите, или 55 проценти, претставуваат адвокатски трошоци за застапување во арбитражна постапка и трошоци што произлегуваат од изгубената постапка, за кои АД ЕСМ Скопје нема признаено резервирање. Дополнително, 39 проценти од расходите се врз основа на исплатен аванс и повлечени кредитни средства за осигурување на кредитот и 6 проценти платената провизија за неповлечени, а одобрени средства од кредитна линија за финансирање на овој проект“, е наведено во соопштението на државниот завод за ревизија.
Во Извештајот на Државниот завод за ревизија констатирано е дека и ИТ-системот е стар и дека „претставува висок ризик за нормално функционирање и може да доведе до отежнато работење.
ДЗР: Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП
Во однос на јавните набавки, во извештајот на ревизорите наведено е дека „во огласот од јавниот повик за набавка на 18.000 тони мазут за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј не е побарано добавувачот да поседува документи за докажување на способноста (економска и финансиска состојба и техничка и професионална способност).
ДЗР: Електронските алки неактивни, затворениците без здравствено осигурување
Потоа за оглас за набавка на 15.200 тони мазут за РЕК Битола и за Осломеј, не е побарано добавувачот да поседува сертификат за квалитет на производот, посебно ако се има предвид дека набавувачот навел дека мазутот треба да биде од Грција, а во изјавата за сообразност на нафтените деривати, која е во прилог на фактурата, пишува дека е од Бугарија.