Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори со Украина и дека Москва го подготвува својот одговор на украинските предлози.
Говорејќи на брифинг по разговорите со неговиот индиски колеги, Лавров рече дека мировните преговори со Украина треба да продолжат, но дека Киев покажал „многу повеќе разбирање“ за ситуацијата на Крим и Донбас и неопходноста од нејзиниот неутрален статус.
Мировните преговори меѓу Украина и Русија продолжија денеска преку интернет. Двете делегации во вторникот се сретнаа директно во Истанбул, по две недели онлајн преговори. Украинската делегација потоа ја претстави можната рамка за идниот мировен договор, заснован врз правно обврзувачки безбедносни гаранции кои ќе им овозможат на другите земји да интервенираат доколку Украина биде нападната.