Самит ЕУ- Кина за решавање на тензиите

Европската унија ја смета Кина за стратешки ривал на некои полиња, но партнер во области како што се борбата против климатските промени.

Европската унија денеска ќе одржи виртуелен самит со Кина во обид да ги намали растечките тензии меѓу двете, најави потпретседателот на Европската комисија и шеф на трговијата на ЕУ Валдис Домбровскис. „Знаеме дека сме во комплицирана фаза на односите со Кина“, изјави тој, осврнувајќи се врз инвестицискиот договор склучен со Кина, кој е во застој откако Пекинг воведе санкции за некои членови на парламентот и спорот меѓу Кина и Литванија, откако таа му дозволи на Тајван да отвори де факто амбасада во Вилнус.

Москва и Пекинг ја прошируваат соработката, на 1 април самит ЕУ-Кина

„Јасно е дека некои од тие теми треба да се решат на највисоко политичко ниво за да видиме до кој степен можеме да ја усогласиме и подобриме нашата соработка“, рече Домбровскис. Европската унија ја смета Кина за стратешки ривал на некои полиња, но партнер во области како што се борбата против климатските промени. Таа, исто така, сака да ја вклучи Кина во нејзиниот притисок да ги реформира трговските правила во Светската трговска организација. ЕУ планира да го предупреди Пекинг дека ќе има последици ако и обезбеди помош на Русија во време на нејзината инвазија врз Украина.