Во Бугарија се укинува вонредната епидемиолошка состојба

Во Бугарија се укинува носењето заштитни маски во затворени објекти.

Бугарија од денеска не е во состојба на вонредна епидемија и се укинуваат воведените антиепидемиски мерки во земјата. Исто така се укинува носењето заштитни маски во затворени објекти. „Во Бугарија, по серија мерки за олабавување, време е да се направи следниот чекор кон животот каков што го знаевме пред март 2020 година. Многу земји веќе го направија тоа“, изјави министерката за здравство на Бугарија, Асена Сербезова, потсетувајќи дека многу луѓе ја загубија битката со ковид-19. „Многу луѓе имаат пост-ковид симптоми веќе со месеци, многу индустрии се погодени.

Протести против ковид мерките во Бугарија

Околу 100 милиони луѓе ги загубија своите работни места за време на пандемијата. Тоа се одрази и на образовниот систем“, додаде министерката за здравство. Мерките во врска со функционирањето на здравствениот систем остануваат на сила во период од три месеци по 1 април. Министерката за здравство на Бугарија најави дека следењето на развојот на ширењето на заразата ќе трае најмалку еден месец.