Од полноќ изборен молк во Србија, Вучиќ најави повлекување од лидерската позиција во СНС

Илустративна фотографија

На полноќ во Србија од полноќ почнува изборниот молк пред вонредните парламентарни, редовните претседателските и редовните локалните избори за Град Белград и 12 локални самоуправи, закажани за недела.

Во Србија годинава се смени Законот за електронски медиуми со кој се забрануваат функционерски кампањи, па на медиумите им беше забрането од 24 март до 1 април да известуваат за активностите на функционерите кои се и кандидати на изборите од отворањето на инфраструктурни работи и објекти.

Претседателот на Србија и кандидат на Српската напредна партија (СНС) на претседателските избори, Александар Вучиќ изјави дека по изборите ќе учествува во изборот на влада, но потоа ќе поднесе оставка од раководството на партијата.

„Десет години на чело на партијата е долг период, тоа е период во кој СНС никаде нема изгубено, што е неверојатно и време е некој друг да и се посвети“, изјави Вучиќ за Политика и додаде дека „изборната волја на граѓаните ќе биде толку јасно изразена што не може да биде појасна“.

Гласачите на предвремените парламентарни избори во недела ќе можат да гласаат за 19 листи, за осум претседателски кандидати. На парламентарните избори, според пропорционалниот систем, за Народното собрание на Република Србија се избираат 250 пратеници. Право на глас имаат 6.501.689 запишани избирачи на 8.255 избирачки места.

Според важечкиот Изборен закон, Република Србија претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално на бројот на освоени гласови.