Европската унија ги предупреди потрошувачите да престанат да ја користат облека само еднаш и најави дека планира да воведе нови правила за да се спротивстави на трендот на „брза мода“ што е штетна за животната средина. Новите правила предложени од Европската комисија ќе забранат уништување на непродадената облека до 2030 година и ќе ја стимулираат употребата на рециклирани влакна. Правилата на Европската комисија, исто така, се обидуваат да го спречат ослободувањето на микропластика и да ги подобрат глобалните работни услови во модната индустрија. „Сакаме одржливите производи да станат норма“, изјави потпретседателот на Комисијата Франс Тимерманс, додавајќи дека „облеката што ја носиме треба да трае подолго од три перења“.
Ќе има ли седми пакет мерки, за помош на текстилците?
Таа промена на правилата би барала огромна промена во индустријата која, со цел да ги задржи трошоците и цените ниски, произведува краткотрајни производи, а во земјите во развој во Азија и Латинска Америка, честопати во лоши работни услови. Речиси три четвртини од целата облека и текстил што се користи во ЕУ се увезени. Во текот на 2019 година во ЕУ е увезена облека вредна повеќе од 80 милијарди евра, најмногу од Кина, Бангладеш и Турција, смета Европската комисија, додавајќи дека просечниот потрошувач фрла 11 килограми текстил годишно. ЕУ исто така сака луксузните брендови да ги постават стандардите за одржлива мода во индустрија каде постојаното прикажување на нови модни парчиња и модни ревии е од суштинско значење за трговијата. „Се случуваат културни промени“, рече Тајмерманс, додавајќи дека големите модни куќи „секогаш први го покажуваат патот напред“.