Oпределбата на Северна Македонија за членството во ЕУ е конзистентна и постојана, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со сојузната министерка за ЕУ и уставни прашања на Австрија, Каролине Едштадлер.
Според министерот, определбата на земјава за членство во ЕУ е конзистента, пред се затоа што државата е георгафски, културно и историски дел од Европа и оттука припаѓа и на Европската Унија.
„Потребата за консолидација на Европската Унија со овој дел од Европа кој е опкружен со земји членки, а не е дел од Европската Унија е исклучително важно за самата Европска Унија. Оттука, ние сметаме дека членството на регионот, но на Северна Македонија пред се, е од додадена безбедносна, политичка и економска вредност за самата ЕУ“, рече Османи.
Едшатдлер пак потенцираше дека се надеваат во интензивните билатерални разговори што во моментов се водат меѓу Северна Македонија и Бугарија, а до македонските граѓани упати порака да не ја губат довербата во ЕУ.
„Ние бараме брз пристап, брза меѓуладина конференција, се надеваме дека тоа ќе се случи уште по француското претседателство“, нагласи Едштадлер додавајќи дека напредокот што го постигна Северна Македонија и покрај некои чекори назад е огромен во однос на јавната администрација, правдата и борбата против корупцијата.