Алијаса за Албанците изрази резерви за веродостојноста на пописот

Попис на населението 5 септември 2021 година.

После објавувањето на резултатите од пописот на населението, Алијанса за Албанците е во процес на разгледување на објавените резултати, и наскоро ке излезе со детална анализа на истите, соопшти пратеникот на партијата Халил Снопче.

„Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција.“, наведува тој.

Според партијата, не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.

„Неверодостоен е и бројот од околу 12% на граѓани во дисапората. Ова поради тоа што многу меѓународни инстанци, како што е светската банка и Евросат непрекинато се имаат изјаснето дека најмалку околу 30% од граѓаните на Северна Македонија се ја имаат напуштено земјата во последните децении“, се посочува во соопштението.

Оттаму додаваат дека после завршувањето на пописот директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски изјавил дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Додека според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 Септември, се поставува прашањето, како што се наведува, од каде произлегоа 60.000 граѓани повеќе што се запишани после крајниот рок кој што беше 30-ти Септември.

Вкупното попишано население во земјава изнесува 2 097 319 лица, од кои 1 836 713 живеат во државата. Нерезидентно население, односно луѓе кои повеќе од една година не живеат во земјава опфатени со пописот изнесува 260 606 лица.
Не се попишани на терен вкупно 132 260 луѓе за кои податоците се преземени од административни извори.