Мариупол меѓу трите области каде е договорен хуманитарен коридор 

Жена вози велосипед покрај запален автобус на периферијата на Мариупол, Украина. 29 март 2022 година.

Жена вози велосипед покрај запален автобус на периферијата на Мариупол, Украина. 29 март 2022 година.

Мариупол е една од трите области во кои денеска е договорен хуманитарен коридор, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

Опколениот јужен пристанишен град беше под речиси постојано гранатирање, а околу 400.000 луѓе се уште се заробени.

Ќе бидат отворени и патишта за влез и излез од Мелитопол за да им се овозможи на луѓето да излезат и да им се помогне да влезат, како и патишта меѓу Енерходар и Запорожје.

„Колони автобуси и камиони со хуманитарна помош веќе го напуштија Запорожје“, рече таа во денешна видео порака.

„Бараме окупаторските сили да се придржуваат до своите обврски и да дозволат хуманитарната колона да минува низ контролните пунктови“, рече Верешчук.