Гувернерот на северниот регион на Украина, Чернихив, изјави за дека Русија денеска продолжила со нападите врз главниот град на регионот и покрај ветувањето на Москва дека драстично ќе ги намали воените активности во областа, како и околу Киев, пренесува Би-Би-Си.
„Во моментов додека разговараме, можам да слушам за она што мислам дека се минофрлачки гранати“, рече Вјанчеслав Чаус од Чернихив.
Тој додаде дека Чернихив и градот Нижин биле нападнати во текот на ноќта и дека биле уништени цивилни објекти.
„Не им веруваме (на Русите) затоа што веќе видовме дека нема момент кога нивните воени сили го држат зборот“, рече тој.
Би-Би-Си не можеше независно да ги потврди тие тврдења, иако жителите ја опишуваа состојбата дека имало напади во текот на ноќта, како и денеска.
Еден од жителите рече: „Оваа ноќ беше тешка. Слушнавме дека има борби цела ноќ во предградијата, далеку од центарот на градот. Слушнавме артилерија. Но вечерва немаше авијација“.
Друг рече: „Беше невозможно да се спие во куќата, само во бункерите. Вчера немаше авијација, само артилериски напади. Слушам гранатирање во моментот (денеска наутро). Се уште е гласно, но не интензивно како во текот на ноќта“.