Претседателот на ДУИ Ахмети по објавувањето на резултати од пописот на населението изјави дека тој бил успешно спроведен, при што им честиташе на вклучените институции во статистичката операција.
Ахмети наведе дека пописот дал појасна слика за бројот на жителите во земјава, цитирајќи ги објавените резултатите од Државниот завод за статистика дека Албанците се 29,5% од вкупното население и 24,3% од резидентното население, додека во градот Скопје се 22,8% во споредба со 20,04% во 2002 година)", наведе Ахмети.
„Им честитам на сите институции кои беа вклучени и го помогнаа пописот како процес кој започна во март минатата година со дијаспората во земјата и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме да биде завршен успешно“, вели Ахмети.
Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска ги објави податоците од спроведениот попис во 2021 година. Директорот на институцијата Апостол Симовски соопшти дека вкупното резидентно население во земјава изнесува 1.836.713 лица, а нерезидентното население 260.606 лица.
По две децении, откако последен пат беше одржан попис во 2002 година, официјално податоците покажуваат дека бројот на жители во земјава е намален за 185.834 лица или за 9,2 проценти.
Според објавените податоци, вкупното попишано население изнесува 2.097.319 лица, од кои 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, а 29,52 се Албанци. 3,98 се Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи.
„Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци.
Од нерезидентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.