Кремљ денеска ги намали надежите за напредок по вчерашните мировни преговори меѓу руските и украинските делегати во Истанбул, пренесува агенцијата Франс Прес.
„Не можеме да кажеме дека тоа беше премногу ветувачко или било каков пробив во преговорите“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека има уште многу работа да се заврши.
Москва смета дека е „позитивно“ тоа што Киев почнал писмено да ги изнесува своите барања, рече Песков.
„Внимателно избегнуваме да зборуваме за прашањата“ за кои се разговара бидејќи „сметаме дека преговорите треба да се одвиваат во тишина“, додаде портпаролот на Кремљ.
Делегациите на Украина и Русија вчера одржаа разговори во Истанбул, додека Русија продолжи да наидува на силен отпор од украинските сили кои постигнаа напредок во некои области и со преземање на теренот во предградието на главниот град.