Украинските власти денеска известија дека има гранатирање над главниот град Киев и градот Чернихив на северот на земјата, и покрај ветувањето на Москва дека ќе ги намали воените операции во овие градови.
Заменик-градоначалникот на Киев, Никола Поворозник, за националната телевизија изјави дека главниот град не бил гранатиран преку ноќта.
„Ноќта помина релативно мирно, со звуци на сирени и пукотници од битките околу градот, но во самиот град немаше гранатирање“, рече тој.
Гувернерот на регионот Чернихив, Вјачеслав Чаус, изјави дека не гледа никакви отстапки во руските напади.
„Дали веруваме во тоа? Секако дека не“, напиша Чаус на Телеграм мислејќи на ветувањето на Москва за намалување на воената активност.
„Намалената активност во регионот Чернихив беше демонстрирана со тоа што непријателот изврши напади врз градот Нижин, вклучувајќи воздушни напади и градот Чернихив“.
Гувернерот на регионот Хмелницки во западна Украина изјави дека руските сили ги погодиле индустриските капацитети во регионот во три напади во текот на ноќта.