Самопрогласената Република Доњецк размислува за приклучување кон Русија

Самопрогласената Народна република Доњецк во источна Украина, поддржана од Русија, може да размисли за приклучување кон Русија откако ќе го контролира целиот украински регион Доњецк, изјави сепаратистичкиот лидер Денис Пушилин. „Што се однесува до приклучувањето кон Руската Федерација, тоа е јасно од 2014 година – да се биде во Русија“, рече Пушилин. Неговиот коментари доаѓа два дена откако лидерот на другиот источноукраински бунтовнички регион Луганск, кој е поддржан од Русија, рече дека можеби ќе одржи референдум за приклучување кон Русија.

Зеленски: Русија во Мариупол врши „злосторство против човештвото“

Киев смета дека секое такво гласање нема да има правна основа и ќе предизвика посилен меѓународен одговор. Три дена пред да нареди инвазија на Украина на 24 февруари, претседателот Владимир Путин ги призна отцепените територии во Луганск и Доњецк како независни држави, иако остатокот од светот ги смета за дел од Украина. Украина, која вели дека се бори за своето постоење против она што го смета за грабеж на земјиште во империјален стил од Русија, постојано повторува дека никогаш нема да се согласи со руската анексија на нејзината територија - најтешкиот дел од мировните преговори со Москва.