Бајден и европските лидери разговараа за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден се консултираше со лидерите на Франција, Германија, Италија и Британија за потенцијалниот нов мултимилионски пакет помош за помош на Украина во нејзината борба против Русија. Бајден телефонски разговарал речиси еден час со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон, соопшти Белата куќа.

Украина ќе усвои неутрален статус, Русија ќе ги намали нападите околу Киев

До ова дојде по мировните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул, на кои Москва вети дека ќе ги намали своите воени операции во близина на украинските градови Киев и Чернихив, а Украина предложи неутрален статус со меѓународни безбедносни гаранции. Извор запознаен со ситуацијата изјави за Ројтерс дека САД и нивните сојузници разговараат за уште една можна рунда помош за Украина, која би можела да достигне 500 милиони долари.

Западни лидери: На Русија треба да ѝ се суди според постапките, а не според зборовите

Американски официјален претставник одби да ја потврди бројката, но рече дека САД „активно работат на тоа како најдобро да ја продолжат поддршката за украинската влада преку безбедносна, хуманитарна и финансиска помош“. Бајден во минатата недела лично разговараше со највисоките европски лидери и присуствуваше на самитот на НАТО за одговорот на Западот на повеќе од едномесечната руска инвазија врз соседна Украина.