Македонската Влада од денеска дополнително ги релаксира антиковид мерките: одобри почеток на наставата на факултетите со физичко присуство и ја укина обврската за носење маска за основците. Според Владата, наставата на сите факултети во земјава со присуство на студенти мора да се организира со мерки за спречување на коронавирусот.Се потсетува дека овие мерки вклучуваат задолжително носење заштитни маски во затворени простории, одржување на физичко растојание од еден до два метра, честа хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влегување во предавални, негрупирање и често проветрување на просториите, со препорака за вакцинирање на студентите и наставниците.
Нови 310 случаи на заразени со ковид-19 и вкупно шест починати
Воедно, дозволено е да се одвива во основните училишта без маски за учениците, освен ако тие доброволно не побараат носење заштитна маска, но останува обврската за носење маски за наставниците и останатиот училишен персонал. Владата дозволи да се зголеми максималната искористеност на отворените и затворените капацитети од сегашните 50 на 75 отсто во театрите, кината, филхармонијата, како и на семинари, обуки, состаноци, конференции, со задолжително носење заштитни маски на културни настани. Укината е обврската за поседување потврда за ковид во отворените делови на угостителските објекти, но се уште е во сила обврската за поседување потврда за вакцинација или прележан ковид за влез во затворените делови на тие ресторани.