Нови 310 случаи на заразени со ковид-19 и вкупно шест починати

Клиника за инфективни болести во Скопје

Во последните 24 часа регистрирани се 310 нови случаи на ковид-19 од направени 2.776 тестови, соопшти Министерството за здравство.

Најголем број од новозаразените се во Скопје – 180, потоа следат Битола – 29, Прилеп – 21, Охрид – 14, Куманово – 10, Кавадарци, Велес, и Делчево – по 9, Гостивар – 4, Тетово, Кичево, Гевгелија и Крушево – по 3, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 2, Штип, Струга, Ресен, Радовиш, Дебар, Валандово и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (310), регистрирани се 48 реинфекции.

Регистрирани сe 355 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се четири починати лица на возраст од 54 до 77 години, сите починати во болнички услови. Дополнително се пријавени уште две починати лица од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин. Станува збор за лица на возраст од 62 и 69 години, кои починале во домашни услови. , дополнително се пријавени 2 починати лица, од: Скопје (69г) и Кавадарци (62г). Кај сите шест починати се пријавени претходни болести.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 305.423, бројот на оздравени пациенти е 294.427, на починати е 9.214, а бројот на активни случаи изнесува 1.782.