Заврши средбата на украинските и руските преговарaчи во Истанбул за завршување на војната, соопшти Амбасадата на Украина во Турција.
Украина предложи усвојување неутрален статус во замена за безбедносни гаранции во последната рунда разговори со Русија, што значи дека нема да се приклучи на воените сојузи или да биде домаќин на воени бази, рекоа украинските преговарачи во по разговорите во Истанбул.
„Предлозите, исто така, ќе вклучуваат 15-годишен период на консултации за статусот на анектираниот Крим и би можеле да стапат на сила само во случај на целосен прекин на огнот“, изјавија преговарачите за новинарите во Истанбул, пренесе Ројтерс.
Шефот на руската делегација Владимир Медински изјави дека разговорите биле конструктивни.
По завршувањето на преговорите во Истанбул, Медински изјави дека ќе ги разгледаат барањата на Украина и дека за нив ќе го извести претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој додаде дека средбата меѓу претседателите на Русија и Украина ќе биде можна само кога на договорот ќе „стават печат“министрите за надворешни работи на двете земји, пренесува Ројтерс.
Разговорите траеја околу четири часа со повремени паузи. Нејасно е дали разговорите ќе продолжат и вториот ден во Истанбул, пишува Ројтерс.