Напредокот во разговорите меѓу руските и украинските претставници кои започнаа денеска во Истанбул ќе го отвори патот за средба на лидерите на двете земји, им изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на двете делегации пред почетокот на разговорите. Ердоган рече дека е дојдено време разговорите да дадат конкретни резултати и повика на итен прекин на огнот, велејќи дека „запирањето на оваа трагедија“ зависи од двете страни.
Абрамович и украински мировни преговарачи наводно биле отруени во Киев
Претходните разговори, не ѝ ставија крај на војната во која загинаа илјадници и мигрираа повеќе од 10 милиони Украинци, вклучително и речиси 4 милиони кои ја напуштија земјата. Турција, која е членка на НАТО, има блиски односи и со Украина и со Русија. Претходно овој месец беше домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на двете земји.
Видео - Во Истанбул разговори меѓу Москва и Киев