Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе биде незадоволен и лут на себе ако освои помалку од 60 насто од гласовите. „Сѐ што е под 60 отсто е неуспех. Би бил многу тажен и многу незадоволен од секој глас под 60 насто, рече Вучиќ. Тој додаде дека не верува во истражувања кои предвидуваат 20 или 30 проценти разлика меѓу власта и опозицијата, но смета дека разликата е поголема.
Вучиќ и официјално во трка за уште еден претседателски мандат
Вучиќ рече дека приказната за фантомските гласачи е глупост и дека никој не може да гласа ако го нема во избирачкиот список, ако не дојде лично. Тој посочи и дека „не е пријавена пријава за фантомски покани за гласање во МВР или во надлежното министерство“. Вучиќ додаде дека опозицијата ќе има контролори и членови на избирачки одбори, особено во Белград, што, како што оцени, „е единственото нешто што ја интересира опозицијата“.