Санкционираниот руски милијардер Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имале симптоми на труење по состанокот во Киев кој се одража на почетокот на овој месец, објави денеска „Волстрит Журнал“ повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата.
Абрамович, кој го прифати барањето на Украина да помогне во преговорите за ставање крај на руската инвазија врз Украина и најмалку двајца високи членови на украинскиот тим, имале симптоми, се вели во извештајот на „Волстрит Журнал“.
Симптомите кои ги имале биле црвени очи и постојано и болно кинење и лупење на кожата на лицето и рацете, се додава во извештајот.
Абрамович и украинските преговарачи, вклучително и пратеникот Рустем Умеров, оттогаш закрепнале и нивните животи не се во опасност, пишува Волстрит Журнал.
Лице запознаено со ситуацијата за Ројтерс го потврди инцидентот, но рече дека Абрамович не дозволил тоа да го спречи да работи.
Кремљ претходно соопшти дека Абрамович имал рана улога во мировните преговори меѓу Русија и Украина, но дека процесот сега е во рацете на преговарачките тимови на двете страни.
Преговорите меѓу Украина и Русија за завршување на војната досега не постигнаа значителни резултати.