Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,5 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 87,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари. Мазутот М-1 НС поскапува за повеќе од 1 денар и килограм ќе чини 57,347 денари.
Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 проценти во однос на одлуката од 25-ти месецов.
Поскапувањето е поради зголемување на цените на горивата на светските пазари и зголемувањето на курсот на денарот во однос на американскиот долар.