Тимови на турската војска работат на онеспособување на втората пловечка мина која е пронајдена во Црното Море во близина на турскиот брег, соопшти тамошното Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека стручните тимови успеале да ја тргнат мината пронајдена кај Игнеада во близина на границата со Бугарија и сега работат на нејзино неутрализирање.
Босфорот, кој ги поврзува Црното и Мраморното Море, во саботата беше затворен откако беше забележан пловечки објект налик на противбродска мина, која подоцна беше „неутрализирана“.
Турција ги најде направите по предупредувањето дека мините поставени на влезовите во украинските пристаништа би можеле да завршат во Црното Море.