Хајнекен ќе ја напушти Русија поради воениот напад врз Украина

Холандскиот гигант за производство на пиво Хајнекен соопшти дека се повлекува од Русија поради воениот напад врз Украина.

Компанијата денеска соопшти дека нејзиниот бизнис во Русија „веќе не е одржлив, ниту остварлив во сегашната средина“.

Тие соопштија дека бараат „уреден трансфер“ на бизнисот до нов сопственик „во целосна согласност со меѓународните и локални закони“.

Хајнекен ќе продолжи да им дава плата на своите 1800 вработени во Русија до крајот на годинава. Компанијата соопшти дека нема да профитира од продажбата на операциите во Русија и очекува за нив да добие 400 милиони евра.

Поради меѓународниот гнев и санкциите по руската инвазија врз Украина, холандската пиварница ги запре новите инвестиции и продажбата во Русија и го прекина производството, продажбата и рекламирањето на Хајнекен таму.