Во Софија средба меѓу премиерите на Бугарија, Македонија, Црна Гора и Романија

бугарскиот премиер Кирил Петков

Денеска во Софија ќе се одржи состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа. На средбата, чиј домаќин е бугарскиот премиер Кирил Петков, ќе учествуваат романскиот премиер Николае Чука, македонскиот премиер Димитар Ковачевски и премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ. Службата за информирање на бугарската влада соопшти дека на средбата се очекува премиерите да разменат мислења за последиците од конфликтот во сферите на безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок.

Шаламанов-Бугарија мора да го исфрли влијанието на Москва

Во центарот на дискусиите ќе бидат дискусиите за регионот од војната во Украина. Петков, Ковачевски, Чука и Кривокапиќ ќе разговараат за импликациите врз безбедноста, енергетиката и економијата на краток, долг и среден рок. Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици, се вели во соопштението.