Финска ги суспендира железничките врски со Русија

Финскиот ги прекинa железничките линии меѓу Хелсинки и Санкт Петербург во Русија

Финскиот национален железнички оператор од денеска ги прекинa услугите меѓу Хелсинки и Санкт Петербург во Русија, затворајќи една од последните рути за јавен превоз кон Европската унија за Русите. Со оглед на санкциите кон Русија, операторот VR беше упатен од државата дека повеќе не е соодветно да ја води услугата до Санкт Петербург, изјави финскиот шеф за патнички сообраќај Топи Симола.

Шведска и Финска најавија зголемена безбедносна соработка

Возовите од Русија до главниот град на Финска Хелсинки беа полни со Руси откако започна инвазијата на Украина, која Русија ја нарекува „специјална операција“, а меѓусебното затворање на воздушниот простор ги прекина летовите меѓу Русија и Европската унија. Границата меѓу Финска и Русија останува отворена за премини со приватен автомобил. Финскиот министер задолжен за државните стопанства Тити Тупураинен изјави за најголемиот дневен весник во земјата Хелсингин саномат дека една од причините за одржување на железничките услуги досега е да им се дозволи на Финците кои живеат во Русија да се вратат во Финска.