Американската Академија за филмски уметности и науки по 94 пати ги додели наградите за најдобри филсмки остварувања Оскар. Оскарот за најдобар режисер го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана за режија. Џејн беше номинирана за режија во 1994 зa „Пијано“, но тогаш Спилберг го освои за „Шиндлеровата листа“. За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“.
Кинеска режисерка направи историја, добивајќи Оскар за најдобра режија
Оскарот за најдобар филм го освои „Кода“. Со три номинации и сите три освоени Оскари, филмот е потресна приказна за лицата со оштетен слух. Оскарот за најдобар странски филм го доби јапонскиот филм „Вози го мојот автомобил“. „Кралицата на кошарката“ го доби Оскарот за најдобар краток документарен филм. За најдобар долгометражен документарен филм Оскарот го доби „Лето на соулот“. За најдобар анимиран филм е прогласен „Енканто“.