Нова рунда руско-украински разговори во Турција

министрot за надворешни работи на Украина Димитар Кулеба

Руската и украинската делегација денеска во Турција почнуваат нова рунда разговори, изјави вчера еден од украинските преговарачи Дејвид Арахами. „За време на разговот преку видео-конференција, беше решено следната рунда преговори да се одржи во живо во Турција од 28 до 30 март“, најави Арахамија на Фејсбук. Лице в лице средба на двете делегации веќе се одржа на 10 март во Анталија, Турција, меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров, Димитар Кулеба. Сепак, таа средба не доведе до конкретен напредок.

Украинско разузнавање- Путин се обидува да ја подели Украина како Северна и Јужна Кореја

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја истакна потребата од прекин на огнот во Украина, соопшти кабинетот на Ердоган кој повикал и на подобрување на хуманитарната ситуација во Украина, се вели во соопштението.