Илјадници мртви во Мариупол, градоначалникот бара целосна евакуација

Жители на Мариупол седат на клупа во близина на разурната зграда по руската инвазија врз Украина, 25 март 2022 година

Илјадници луѓе загинаа и уништени и оштетени се речиси 90 проценти од околу 2 600 зградите и објектите во опколениот стратешки град Мариупол во едномесечната руска инвазија. Ова го изјави градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко кој градот ги опиша како уништен.

Во меѓувреме, Вицепремиерката Ирина Верушченк денеска изјави дека во договорените хуманитарни коридори конечно се вклучени и жителите кои бегаат од тој југоисточен град со приватни возила. Тоа означува надежен напредок во однос на вчерашниот ден кога дозволен излез имале само автобусите со бегалци.

Украина стравува од нова посилна руска офанзива

Градоначалникот Бојченко вели дека руските сили контролираат неколку населби и навлегуваат „подлабоко во градот“ кој броеше повеќе од половина милион жители пред војната, но Мариупол засега останува „под контрола на украинските вооружени сили“.

„На Мариупол му треба целосна евакуација“, изјави Бојченко за локалната новинска агенција УНИАН во интервјуто објавено во текот на ноќта.

Бојченко рече дека во околу 40 отсто од погодените станбени згради во Мариупол не може никако да се живее. Во врска со руските сили кои го опкружуваат градот, Бојченко рече дека „има предградија на градот кои, се разбира, ја презедоа контролата“, додавајќи дека „градот е опколен и тој круг се разбира се намалува“.

Рускиот претседател Владимир Путин започна целосна инвазија на Украина на 24 февруари, со големи офанзивни напади од преку границата со Белорусија на север, од границата со Русија на исток и од брегот на Црното Море и Азовското Море на југ.