Жени не смеат да се дружат со мажи во забавни паркови во Кабул

Илустрација, жени во Кабул

Забавните паркови во Авганистан ќе бидат сегрегирани по пол. Ова одлука ја донесе талибанската владата во Кабул која се придржува кон строгиот исламски фундаментализам.

Ограничувањето на ваквото мешање во забавните паркови ќе ја продлабочи загриженоста за правата на девојчињата и жените, бидејќи тоа следи по пресвртот во последен момент минатата недела со кој им се забрани на авганистанските девојчиња да се вратат повторно во отворените училишта.

Талибанското министерството за спречување на пороци издаде наредба со која сите забавни паркови и места за дружење и игри во Кабул ќе бидат отворени за жени и девојки од недела до вторник, додека за момчиња и мажи ќе биде дозволено од среда до сабота. Во наредбата на министерството нема исклучоци за семејства.

ОН и другите меѓународни набљудувачи постојано предупредуваат на злоупотреби на девојчиња и жени за време на седуммесечниот талибански режим, вклучително и драконски ограничувања на нивното движење, слобода на работа или патување или способност да ги извршуваат дури и наједноставните секојдневни активности во јавниот живот.

„Режимот на талибанците сега е официјално родова апартхејд авторитарна полициска држава“, изјави Тамим Асеј, извршен претседател на Институтот за војна и мировни студии и Советот за надворешни односи на Авганистан. Неговата изјава доаѓа по денешната објава за забрана за полова социјализација во забавни паркови.

„Додека Режимот е де факто реалност, не заслужува никакво признавање и легитимитет“, додаде Асеј.

Претходно на 23 март, талибанските власти ја продолжија националната забрана за образование на девојчиња по шесто одделение, која беше воведена откако талибанските милитанти го зазедоа поголемиот дел од земјата додека меѓународните трупи предводени од САД се повлекуваа при што побегнаа од земјата владините преѕсѕавници кои имаа поддршка од Западот.

Протести во Кабул против забраната за образование за девојчиња

Младите Авганистанци изразија очај и фрустрација откако милион девојчиња подготвени да се вратат на училиште наидоа на затворени врат.

Ненадејната одлука за забрана за образование на девојчиња предизвика протести на наставниците, студентите и активистите за правата на жените во главниот град и покрај бруталните талибански задушувања на претходните демонстрации.

Талибанците наредија затворање на училиштата за девојки во Авганистан

Тие скандираа „Отворете ги училиштата!“ и бараа на жените да им се дозволи да работат. Меѓународните организации и светските влади ги повикаа талибанците веднаш да ја преиспитаат својата одлука.