По неколкукратни ракетни напади избувна пожар во складиштето за нафта во Лвив. Тие го одблежеа најзначајниот напад врз тој западноукраински град од почетокот на инвазијата на Русија пред повеќе од еден месец.
Локалните власти соопштија дека со четири проектили е погодена периферијата на Лвив, а дека при друг напад е оштетена инфраструктурата, при што биле повредени најмалку пет лица. Лвив стана град- засолниште за стотици илјади раселени Украинци на околу 60 километри од полската граница.
За времето на бомбардирањето, американскиот претседател Џо Бајден беше во посета на Полска во знак на поддршка за украинските бранители и бегалци и да ја нагласи решеноста на НАТО да ја брани територијата на членките на Алијансата.
Бајден во својот говор го нарече рускиот претседател Владимир Путин „касап“ и предупреди на „долга борба што претстои“.
„Побогу, овој човек не може да остане на власт“, рече Бајден, завршувајќи го својот говор.
Бајден- Светот да се подготви за „долга борба“
По говорот во Варшава, Белата Куќа објави соопштение во кое ја дообјасни неговата изјава дека таа не значи повик за промена на режимот во Русија.
Портпаролот на Кремљ Дмитиј Песков изјави дека Бајден не тој што одлучува за раководството на на Русија.
„Претседателот на Русија го избираат Русите“, додаде Песков.
Путин во изминатиов период наметна сериозно ограничување на критиките и слободата на говорот во Русија бидејќи инвазијата врз Украина наиде на жесток отпор, а меѓународната заедница наметна огромни финансиски, трговски, патни и дипломатски казни.
Генералштабот на вооружените сили на Украина рано на 27 март соопшти дека руската „целосна вооружена агресија“ продолжува.