Шаламанов-Бугарија мора да го исфрли влијанието на Москва

Бугарија може максимално да ја искористи ситуацијата за да ја модернизира својата војска и да го исфрли влијанието на Москва во својот политички живот. Мора да престане да ги одложува подготовките за Ф-16, изјави за Блумберг поранешниот привремен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, кој сега е водечки експерт за национална безбедност во партијата Демократска Бугарија.

Бугарија мора што поскоро да испрати најмалку 20 пилоти на Ф-16 во САД, да се забрза усвојувањето на програмата за Ф-16, како и да се подготви целата инфраструктура во базата во „Граф Игнатиево“, која многу доцнеше по вина на Бугарија, изјави Шаламанов.

Интерконекторот Грција-Бугарија се поврза со Трансјадранскиот гасовод

Тој додаде дека ресурсите треба да се фокусираат на многу побрзо ставање во оперативно дежурство на тие Ф-16. Прекинот на употреба на МИГ-29 од бугарското воено воздухопловство поради проблеми во одржување може да го покријат ловците на НАТО сојузниците.

Шаламанов беше категоричен дека самитот на НАТО има за цел да и покаже на Русија дека сите членки на Алијансата се соодветно заштитени и дека наместо помалку војници на НАТО во Европа и поделба, ќе има повеќе воено присуство и посилно обединување во НАТО.

Ако Русија прибегне кон употреба на хемиско или биолошко оружје во Украина, резолуцијата на ОН може да даде основа за земјите кои сакаат да интервенираат во конфликтот во Украина, додаде тој.