Синот на Михаил Шумахер повреден во квалификациската трка во Саудска Арабија

Таткото на Мик Шумахер, седумкратниот првак во Формула 1 Михаил Шумахер, архивска фотографија

Синот на седумкратниот светски првак во Формула 1 Михаил Шумахер, Мик Шумахер вечерва имаше судар на квалификациската трка за Гран При во Саудиска Арабија. Тој во втората етапа до квлаификациите со брзина од 170 километри на час се удри во страничниот дел на заштитната ограда на патеката при што отпаднаа две тркала од болидот.

Мик Шумахер кој веќе втора сезона вози во Формула 1, денеска отскокна од барирата на патеката откако изгуби контрола врз својот болид во кривината. Лекари брзо излегоа на терен и го изнесоа Шумахер со амбулантно возило.

„ Слушнавме дека Мик е свесен, и моментално на пат кон медицински центар“ објави на социјалната мрежа Твитер.

Вечерва ова бил втор судар на патеката. Претходно без повреди во судар поминал возачот на Вилијамс Канаѓанецот Николас Латифи.

Претходно беше спорно дали воопшто ќе се одржи утрешната трка во Саудиска Арабија, поради нападот врз нафтен магацин во близина на патеката.

Трката на Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија и покрај нападот во близина

Надлежните за Формула 1 соопштија дека трката во Саудиска Арабија ќе се одржи како што е предвидено во недела и покрај нападите врз кралството од јеменските бунтовници Хути. Оваа соопштение е објавено на само еден ден откако бунтовниците нападнаа складиште за нафта лоцирано на околу 11 километри од тркачката патека.

Во него е наведено дека Формула 1 добила „детални гаранции дека настанот ќе биде безбеден“. Нападот врз складиштето за нафта се случи додека се одржуваше првиот тренинг, а 20-те возачи се состанаа во петокот вечерта во разговори кои траеја и по 2 часот по полноќ.