Обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед, пченка и ориз изјави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој на денешната средба со земјоделците во Штип изјави дека сите механизми и мерки се ставени во функција на обезбедување на одржливо земјоделско производство и стабилност на храна.
Тој додаде дека планот е новата субвенција за набавка на вештачко ѓубриво за сончоглед, пченка и ориз ќе изнесува 3.000 денари. Николовски додаде дека измените на Програмата за интервентен фонд ќе се разгледуваат на следната владина седница.
„И оваа година пред почетокот на новата сеидбена сезона за сончогледот ги исплативме субвенциите, за да можат земјоделците навреме да сеат, за да имаат пари за производствените трошоци. Вчера Платежната агенција исплати исплати над 450 милиони денари субвенции за поледелски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка на вкупно 24.753 земјоделци,“ вели Николовски.
Николовски посочи дека дека на средбата со потпретседателот на Владата на Србија, Бранислав Недимовиќ, е договорено и во делот на маслото од сончогледот во следните денови Србија да ја укине забраната за извоз за Северна Македонија.
„Со тоа сите договорени количини на фирмите за рафинирано и нерафинарано масло од сончоглед ќе бидат испочитувани. Домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните. Затоа Владата ја продолжи и забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, до 15 април, со цел заштита на домашниот пазар“,изјави Николовски.
Русија, исто така, произведува и огромни количини на клучни состојки во вештачките ѓубрива, кои им овозможуваат на растенијата и културите да растат.
Пченица произведуваме недоволно, а сончоглед колку за грицкање
Европската комисија веќе предупреди дека руската инвазија на Украина и санкциите на ЕУ против Москва ќе бидат болни за земјоделците, потрошувачите, производителите на ѓубрива и извозниците на земјоделски производи, бидејќи Русија и Украина сочинуваат повеќе од 30 отсто од светската трговија со пченица, 32 отсто со јачмен и 17 отсто со пченка и повеќе од 50 проценти од трговијата со сончогледово масло.
Проценките на македонските земјоделци се дека, ако продолжи ваквата ситуација и недостигот од ѓубрива, приносите може да се намалат за дури 30 отсто.
Производството на речиси сите земјоделски производи се намалува во изминатите 15-тина година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година била произведени 243 илјади тони пченица. Во рекордната 2004 година, на пример, биле произведени 356 илјади тони.