Трката на Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија и покрај нападот во близина

Запалениот магацин за гориво во Саудиска Арабија, во близина на тркачката патека на Формула 1

Надлежните за Формула 1 соопштија дека трката во Саудиска Арабија ќе се одржи како што е предвидено во недела и покрај нападите врз кралството од јеменските бунтовници Хути. Оваа соопштение е објавено на само еден ден откако бунтовниците нападнаа складиште за нафта лоцирано на околу 11 километри од тркачката патека.

Во него е наведено дека Формула 1 добила „детални гаранции дека настанот ќе биде безбеден“. Нападот врз складиштето за нафта се случи додека се одржуваше првиот тренинг, а 20-те возачи се состанаа во петокот вечерта во разговори кои траеја и по 2 часот по полноќ.

„Вчера беше тежок ден за Формула 1 и стресен ден за нас возачите во Формула 1. Влеговме во долги дискусии меѓу нас, со директорите на нашите тимови и со повеќето постари луѓе кои го водат нашиот спорт. Беа споделени и дебатирани многу различни мислења“, се вели во соопштението на Здружението на Гран-при возачи во саботата.

Директорот на тимот на Ферари, Матија Биното, рече дека е „важно да се слушаат возачите“, но дека одлуката да се продолжи е правилна.

„Тоа беше долга ноќ, но прво да се фокусираме на фактите. Знаеме дека не е првпат тоа да се случува во оваа земја и во оваа област. Напуштањето на земјата едноставно не би било вистинскиот избор“, изјави тој.

Во претходна изјава, Ф1 и раководното тело ФИА потврдија дека „по разговорите со сите тимови и возачи“, трката „ќе продолжи според планираното“.

Ф1 додаде дека е договорено „со сите засегнати страни да се одржи јасен и отворен дијалог во текот на целиот настан и за во иднина“.

Предвидена е трета и последна тренинг сесија која ќе се одржи денеска по 17 часот , а квалификациите ќе започнат под рефлектори во 20 часот.

Хутите презедоа одговорност за нападите во петокот навечер, а државната телевизија на Саудиска Арабија ја нарече „непријателска операција“.

Нападот врз магацинот за нафта предизвика силен пожар што ги потресе возачите на формула доволно за да одржат вонредни разговори за присуството на Ф1 во Саудиска Арабија.

Фабриката складира дизел, бензин и авионско гориво за употреба во вториот по големина град во кралството. Таа опфаќа повеќе од една четвртина од сите залихи на Саудиска Арабија.

Хутите двапати ја гаѓаа фабриката во Северна Џида со крстосувачки ракети.