Зеленски го повика Катар да го зголеми производството на гас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање Форумот во Катар во Доха, ги повикува земјите да го зголемат своето производство на енергија за да ја спречат Москва да го користи извозот на енергија како лост во односите со земјите зависни од увоз на нафта и гас.

„Ве молам да го зголемите производството на енергија за да се осигурате дека сите во Русија разбираат дека никој не може да ја користи енергијата како оружје за да го уценува светот“, изјави Зеленски во видео обраќањето.

Едномесечната руска инвазија на Украина ја зголеми загриженоста на Европа за енергетската безбедност бидејќи Русија е најголемиот европски снабдувач на фосилни горива. Апелот на Зеленски се однесуваше најмногу на Катар која е светки лидер во производство на енергенси. Западните санкции длабоко го нарушија рускиот извоз, кој е од клучно значење за европските нации.

Кличко- Викендов засилен полициски час во Киев
Зеленски го спореди руското уништување на пристанишниот град Мариупол со сириското и руското уништување на градот Алепо во сириската војна.

„Тие ги уништуваат нашите пристаништа. Отсуството на извоз од Украина ќе им нанесе удар на земјите ширум светот“, изјави Зеленски.

Загубата на украинската пченица веќе ги загрижи блискоисточните нации како Египет, кои се потпираат на тој извоз.