Во главниот украински град Киев ќе биде воведен нов полициски час од 26 март до 28 март утрото, соопшти денеска градоначалникот Виталиј Кличко.
„Воената команда одлучи да го засили полицискиот час. Тој ќе започне денеска од 19 часот и ќе трае до 7 часот наутро на 28 март“, напиша Кличко на апликацијата за споделување пораки Телеграм.
За време на полицискиот час, на жителите на Киев ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за да стигнат до засолниште за бомби.
Украинските власти тврдат дека 136 деца загинале поради руската инвазија
Кличко рече дека продавниците, аптеките, бензинските пумпи и јавниот превоз нема да работат за време на полицискиот час.